Градскиот совет на Даблин набави 22 возила од велешката фабрика „БРАКО“, кои ќе го чистат главниот град на Ирска.
16 од возилата се на класичен погон и 6 возила се на електричен погон, а градот се одлучи за моделот 400 ZE, машина со рачно управување, кој е еден од најпродаваните модели.
Даблин ги избра возилата Грин Машинс на „БРАКО“ поради лесното управување, тивкиот режим на работа, издржливоста, ефикасноста и можноста да чистaт и тешко пристапни места, додека електричниот модел има вграден најмодерен систем за рециркулација на воздухот со кој максимално се намалуваат штетни честички и прашина при чистење на коловозите, пешачките и велосипедските патеки.
Од „БРАКО“ сметаат дека е успех за државата тоа што македонски возила ќе бидат ангажирани за хигиената во Даблин, главниот град на Република Ирска, земја членка на ЕУ и една од земјите со најбрз економски раст во светот и во топ 5 земјите кога станува збор за бруто домашен производ по глава на жител.
ПР Текст