Паломеро: Украинците ги очекува страшна зима

Од:

Украинците ги очекува страшна зима, а најдоброто на што можеме да се надеваме е да успеат да ги задржат сегашните позиции, изјави за телевизискиот канал Франс 3 францускиот генерал и поранешен началник на Генералштабот на француската воена авијација Жан Пол Паломеро.

– Во најдобар случај ќе успеат да ги одбранат сегашните позиции. Тоа е најдоброто на што можеме да се надеваме – рече генералот.

Паломеро смета дека вооружените сили на Украина имаат шанса да постигнат барем одреден успех на бојното поле само во случај на поголема финансиска поддршка.

Врховниот командант на украинските сили Валериј Залужни на почетокот на ноември во интервју за магазинот „Економист“ призна дека украинската армија дошла во ќорсокак и дека нема да има очекуван напредок на фронтот.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања