Производи на македонски ракотворци на новогодишен базар до 31 декември

Од:

На првиот кат во „Скопје Сити мол“ е отворен новогодишен базар на кој до крајот на месецов ќе се претстават 52 модерни ракотворци поделени во две групи. Од 21 до 25 декември се претставуваат брендови на ракотворци од првата група, од 26 до 30 декември – производите од втората група и сите заедно ќе бидат изложени на 31 декември.

– Деликатно направен избор на уметници, кои храбро конципираа и компонираа иновативни креации од кожни аксесоари, чанти, шапки, накит, преку новогодишни сувенири, веганска козметика за природна нега, шарени керамички приказни, еколошки восочни обвивки, до колачиња во духот на новогодишните и божиќни празници, новогодишни украси и лижавчиња, рачни везови и облеки за миленици. Посетителите ќе можат да ја доживеат предновогодишната магија и да подарат уникатни производи, изработени од креативци од цела Македонија, соопшти организаторот на базарот.

Би можело да ве интересира

Новогодишен базар во ГТЦ

Тридневен базар на ракотворби „Ехо на минатото, крик во сегашноста“

Ана Ололовска

Добротворен базар и концерт по повод Меѓународниот ден за заштита на правата на детето

Ана Ололовска

„Ајде да се дружиме” викендов во Марков манастир

Ана Ололовска

Базар на ракотворби и детска ликовна работилница претстојниот викенд во Марков манастир

Ана Ололовска

Во Охрид од утре традиционалниот „Велигденски базар“

Ана Ололовска