Столтенберг: Русите нема да успеат, Путин изгуби засекогаш

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е убеден дека Украина засекогаш ќе ја напушти руската сфера на влијание и ќе стане членка на ЕУ и НАТО.

Во исто време, тој не очекува брз крај на војната, пренесува Дојче веле, повикувајќи се на ДПА.

Столтенберг е убеден дека и покрај големите воени напори, Русија нема да успее да ги постигне своите цели во Украина.

Според Столтенберг, целта на рускиот напад врз Украина била да се спречи Украина да влезе во НАТО и во Европската унија, но по две години војна, Украина е поблиску до НАТО и ЕУ од кога било.

„Путин ја загуби Украина засекогаш“, посочи Столтенберг и оцени дека тоа е голем стратешки пораз за Русија.

Тој изрази уверување дека Украина на крајот ќе ја постигне целта за влез во НАТО. Столтенберг укажа и на огромната цена што Русија треба да ја плати за војната против Украина.

Според него, Русија веќе изгубила стотици авиони, илјадници тенкови и 300.000 војници, војната ја зголемила инфлацијата и го намалила животниот стандард, а сега е политички поизолирана од порано. Во исто време, тој предупреди да не се смета на брз крај на војната, со оглед на развојот на настаните.

Генералниот секретар на НАТО посебно укажа на отсуството на знаци за промена на курсот на рускиот претседател Владимир Путин по веројатниот реизбор на изборите во март.

„Немаме индикации дека Путин ќе ги промени своите цели и политика. Тој ќе продолжи да се обидува да заземе повеќе територии“, рече Столтенберг.

Во исто време, тој се воздржа од коментари за плановите на Украина за дополнителна мобилизација, истакнувајќи дека никој не ја разбира потребата од поголем број војници подобро од самите Украинци.

Конкретно, Столтенберг ги повика сојузниците да ја проучат можноста за обезбедување на Украина со повеќе одбранбена опрема преку измена на постоечките договори со трети земји.

„Генерално, треба да го зголемиме нашето производство за подобро да и помогнеме на Украина и подобро да се заштитиме“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски