Избрана заменичка на Јовевски, но само привремено – Обвинителството ќе го води 6 месеци

Од:

Обвинителката Соња Симовска е избрана за ВД републички јавен обвинител на денешната седница на Советот на јавните обвинители. Изборот следуваше бидејќи обвинителот Љубомир Јовески заминува во пензија, а коалиционите партнери никако да се договорат кој да биде новиот обвинител.

Откако стана јасно дека нема да се успее до крајот на годината да се случи изборот на нов републички јавен обвинител, се пристапи кон именување ВД обвинител. Вршителот на должност се поставува од редот на обвинителите во републичкото јавно обвинителство. Мандатот не смее да трае подолго од шест месеци.

Симовска е избрана за оваа функција едногласно. Таа беше избрана за заменик државен обвинител во јануари минатата година, ја извршуваше и функцијата виш јавен обвинител во скопското Вишо јавно обвинителство.  Откако се распадна СЈО, беше застапник на обвинението за „Титаник 2“.Таа е и едукатор во Академијата за судии и јавни обвинители од нејзиното основање, и е член на Програмскиот совет на академијата.

Претседателката на советот на обвинители Душица Димитриевска, за Симовска кажа дека се работи за искусен обвинител кој има и менаџерски способности и советот смета дека таа одлично ќе ја извршува функцијата.

Инаку во трката за нов републички јавен обвинител се Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски. Советот на ЈО, согласно законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно или негативно мислење до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење.

Според Законот за јавно обвинителство за јавен обвинител на Република Македонија може да биде именувано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку десет години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право.

Јавниот обвинител се именува од Собранието, по предлог на Владата со мандат од шест години и право на повторно именување.

Би можело да ве интересира

Притворен прилепчанец кој и се заканувал на обвинителка и на нејзиното семејство

Горан Наумовски

Криел предмети во фиока – Поднесен предлог за разрешување на јавен обвинител

Анита Петровска Рајковиќ

Синот на Џафери стана oбвинител – работно место како обвинител доби и сопругата на Абази

Анита Петровска Рајковиќ

Во Подгорица е уапсен црногорскиот специјален обвинител

Ќе се збогува ли Гордана Гешковска од обвинителската функција?

ЕУ постигна конечен договор за формирање Европско јавно обвинителство

Наум Локоски