Египетските власти го запреа движењето на голем број од линиите во метрото во Каиро, откако на шините во близина на една од станиците беа пронајдени две бомби.
Бомбите пронајдени во близина на станицата во јужниот дел од градот не експлодирале.
Метрото во Каиро секој ден го користат околу три милиони патници.
Во Кердаса, предградие на Каиро, утрово армијата и полицијата почнаа со операции против вооружени екстремисти. Еден офицер загинал, а влезот и излезите во предградието се блокирани.
Од покриви на куќи и џамии екстремисти пукаат врз силите за безбедност.
Акцијата на силите за безбедност е во одговор за нападот на екстремисти на 14 август врз полициска станица во Кердаса, кога беа убиени 13 полицајци.