Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Чиле.
Епицентарот на земјотресот бил на 28 километри северозападно од градот Токопиље, односно 162 километри западно-северозападно од градот Калам, кој има 143.000 жители, на длабочина од 26 километри.
Земјотресот се случил во 13.21 часот по локално време.
Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.