Тренчевска: Вклученоста на општествено одговорните компании е важна во поддршката на младите и нивното позиционирање на пазарот на труд

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изрази поддршка за платформата Youth Empowered на Пивара Скопје, истакнувајќи ја важноста на вклученоста на општествено одоговорните компании во поддршка на младите во нивното позиционирање на пазарот на труд.

-Пивара како општествено одговорна компанија, веќе подолг временски период е поддржувач на најранливата категорија на граѓани во државата, а од неодамна е и верен соработник на Министерството за труд и социјална политика во остварување на акции, активности и идеи кои ги поттикнуваат најмладите кон благосостојба, ментално здравје со цел поголемо нивно вклучување на пазарот на трудот, истакна Тренчевска на настанот по повод одбележување на над 100 бесплатни обуки „Вештини за успех“ реализирани во рамки на дигиталната платформа Youth Empowered на Пивара Скопје.

Речиси 8000 млади и лица од ранливи категории, како што се навеудва, ја имаат поминато обуката во просториите на Едукативниот центар на компанијата или по електронски пат, каде што имаа можност да ги усовршат своите комуникациски вештини, да стекнат знаења од областа на финансиите и деловното работење, да ги унапредат своите вештини за креирање на развојни планови и управување со проекти, да научат за ефикасно водење на преговори и продажба, како и за организација и ефективно управување со времето и ресурсите.

-Големиот интерес што го добиваме за бесплатните обуки „Вештини за успех“ ни покажува дека сме на вистинскиот пат кон реализација на нашите стратешки заложби за одржлив развој и поддршка на заедницата преку платформата Youth Empowered. Ме радува фактот што 50 отсто од скоро 8000 учесници кои ја поминале обуката се вработиле или основале сопствен бизнис. Преку обуката креираме дополнителни можности и перспективи за младите и лицата од ранливи категории, придонесуваме за зголемување на нивната вработливост и за развојот на претприемништвото во земјата. Како компанија свртена кон иднината, а мотивирани од досегашните резултати, продолжуваме заедно со нашите партнери да инвестираме во младите, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев.

Зоран Костовски од компанијата за деловна едукација „Мотива“, која ја испорачува обуката и е долгогодишен партнер на Пивара Скопје, изјави дека се задоволни што целокупната обука станува се подостапна за уште поголем број млади луѓе и содржи голем обем на практично знаење и искуства од клучните области на деловното работење.

Програмата „Вештини за успех“ е само еден сегмент од активностите на Едукативниот центар на Пивара Скопје кој функционира од 1997 година и е член на Европскиот совет за деловна едукација со седиште во Женева, Швајцарија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати решенијата на СДСМ за намалување на цените и повеќе пари за граѓаните

(ВИДЕО) Тренчевска: Не само што нема за плати, со ребалансот ДПМНЕ крати пари и кај лицата со попреченост

Тренчевска: Со фенер да ги бараше понеспособни кандидати за заменици Мицкоски не можеше да најде

Предраг Петровиќ

Тренчевска се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ

Горан Наумовски

Тренчевска: Ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за пензиите ќе го дестабилизира пензискиот систем

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он