Во Сисак се урна дел од зграда која е во фаза на реконструкција по земјотресот.
Како што неофицијално дознава Sisak.info, повредени се двајца работници, од кои едниот потешко. Повредените работници се примени во Општата болница во Сисак.
Командантот на пожарникарите во Сисак, Мирослав Голуб, за РТЛ потврди дека излегле да интервенираат и дека истрагата е во тек.
Станува збор за ѕидот на куќата на Тушкан на плоштадот Бан Јосип Јелачиќ, кој е заштитен споменик на културата. Истрагата е во тек.