Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено по суви и чисти коловози.
Од 11.09.2013 година започнаа градежни работи на пат, пл.пр. Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км. Сообраќајот се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација. Работите се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот и се очекува да завршат до средина на оваа недела.
На патниот правец А2 Гостивар-Кичево, во должина од 1 до 1,5 км во правец од планинскиот превој Стража кон Кичево се изведуваат асфалтерски работи. Извршувањето на работите нема да има влијание при движењето на возилата и истите ќе се изведуваат во работните денови најчесто од 08:00-15:00 или 16:00 часот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.