На почетокот на следната година, стартува доградбата и надградбата на основното училиште „Блаже Конески“ во Аеродром

Од:

Капиталните проекти во делот на образовната инфраструктура се уште една потврда за заложбата на Општина Аеродром да обезбеди модерен и современ образовен процес каде учениците и наставниот кадар ќе имаат соодветни услови за реализација на наставата. Во таа насока, на почетокот на 2024 година започнува надградбата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“ информираат од Општина Аеродром.

– Доградбата ќе се одвива во две фази за да се овозможи функционалност на објектот во текот на целата година. Проектната документација предвидува доградба на 26 училници, 13 наставнички кабинети, голем централен хол, просторија за библиотека, дополнителна спортска сала и трпезарија со кујна на вкупна површина од околу 2500 квадратни метри. Делот од училиштето кое е во добра состојба ќе биде задржан во постојниот габарит и истиот ќе биде поврзан со топла врска со новоизградениот објект, велат од Општината.

Градоначалникот Муцунски на својата Фејсбук страна истакна дека проектите во образовната инфраструктура се инвестиции во младите, иднината на општината и државата и дополни дека завршување на доградбата и надградбата значи и реализација на едно важно ветување пред граѓаните и проект со кој директно ќе се овозможи модерен и современ образовен процес за сите ученици.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода