Двајца албански војници осудени за убиство на демонстранти во 2011 година

Од:

Апелацискиот суд во Тирана им изрече затвортски казни на двајца припадници на албанската Национална гарда, под обвинение за убиство на демонстранти за времен на крвавите антивладини протести на 21 јануари 2011 година.

На обвинетиот Агим Лупо Судот му изрече затворска казна во траење од три години, а на Андреа Пренди една година затвор под обвинение убиство од невнимание, додека третоосомничениот Маргарит Куме е ослобден од обвинението.

Адвокатите на осудените најавија жалба до Врховен суд. Тие сметаат дека нивните клиенти се целосно невини, бидејќи ја бранеле Владата од налетот на демонстрантите кои насилно сакаа да влезат во владината зграда, каде во моментот се наоѓаше тогашниот премиер Сали Бериша.

Обвинителството бараше 25 години затвор за Лупо и 23 години затвор за Пренди.

На почетокот по барање на Обвинителството беа приведени шестмина гардисти, но подоцна тројца од нив беа ослободени.

Антивладините демонстрации, организирани од тогашната опозициска Социјалистичка партија беа најавени како мирни, но прерасна во насилни протести во кои беа убиени четворица демонстранти. Покрај ова, уште стотина демонстранти и полицајци беа повредени, а беа искршени и многу излози и запалени повеќе автомобили.

Парламентот формира анкетна комисија за расветлување на настаните, но таа никогаш е излезе со изештај за настанот.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски