СДСМ: Блокаторите на европскиот пат, ДПМНЕ и Левица ќе бидат поразени

Од:

Блокадите на антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица се единствената причина поради која државата не започна со процесот на отворање поглавја, и покрај успешно завршениот скрининг процес, силната и недвосмислена поддршка и отворените врати на ЕУ. Деструктивните активни блокади на ДПМНЕ во македонското Собрание се на штета на државата и на сите граѓани, се вели во соопштението на СДСМ.

„Затоа на изборите блокаторите на европскиот пат, ДПМНЕ и Левица ќе бидат казнети и поразени. Активната блокада е времена блокада. Со победа на европскиот фронт предводен од СДСМ на двојните избори, европскиот пат продолжува до полноправно членство во ЕУ, затоа што граѓаните заслужуваат и подобро и повеќе, заслужуваат европска иднина“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски