Репрезентацијата на Франција и се приклучи на Шпанија и во реприза на финалето од Литванија ќе ги одмерат силите во полуфиналето во Словенија.
Французите ја совлада репрезентацијата на Словенија со 72-62.
Тони Паркер го одигра најдобриот меч на првенството и со 27 поени ја предводеше својата репрезентација.
Двоцифрен ефект кај Франција имаа уште Николас Батум (14 поени, 5 скока) и Борис Диао (10 поени, 6 скока, 3 асистенции).
Горан Драгиќ и Боштјан Нахбар заедно погодија само 10 од 27-те удари од поле, додека катастрофално одиграа центрите Видмар и Бегиќ кои заедно постигнаа само два поени.
Утре на програмата се останатите два четвртфинални меча – играат Хрватска – Украина (14:30) и Литванија – Италија (21:00).