СДСМ: Шолц силно ја поддржува нашата земја, ДПМНЕ да праша зошто Орбан не гласал ако бил против

Од:

Антиевропските ДПМНЕ и Левица се единствените кочничари на европскиот пат. Во Извештајот на ЕК јасно е потврдено дека ДПМНЕ се кочничари на реформите. Оттука, последни што можат некого да прозиваат се Мицкоки и ДПМНЕ велат од СДСМ во реакција на соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Канцеларот на Германија, Олаф Шолц е докажан пријател на Македонија кој силно го поддржува нашето членство во ЕУ. Дури Канлерарот Шолц побара од ЦДУ, сестринската партија на ДПМНЕ, да влијае токму врз ДПМНЕ за усвојување на уставните измени за земјава да може да го продолжи европскиот пат. Германија целосно стои зад Северна Македонија и ваква силна поддршка од Унијата досега не сме имале. Но кога ДПМНЕ ги споменува Шолц и Орбан треба да го праша нивниот најблизок соработник Виктор Орбан зошто не гласал? Доколку бил против зошто напуштил кога било гласањето за Украина се вели во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години