Алиу: Следниот чекор е лансирањето на сателитот

Од:

Северна Македонија, денес, ги потпиша Финалните акти за добивање орбитална позиција во рамки на Светската радиокомуникациска конференција на ITU (WRC-23), која се одржува во Дубаи.

Според министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, Финалните акти го дефинираат начинот на заедничко користење на радиофреквенцискиот спектар и сателитската орбита.

„Процесот на координација за добивање на иста орбитална позиција во фиксната и радиодифузната сателитска служба беше долг, но на крај успеавме. Денеска Македонија има место и во орбитата. Нашата орбитална позиција од денеска е сигурна, следен чекор е лансирање на сателитот! Второто достигнување за нашата земја на конференцијата е Дигиталната дивиденда 3 со која се ослободува фреквенциски простор за шестата генерација мобилни мрежи (6G) во пониски фреквенциски опсези.
Денес, земји од целиот свет на Светската радиокомуникациска конференција на ITU (WRC-23) ја дефинираа дигиталната трансформација“, извести министерот Алиу.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни

Северна Кореја тврди дека тестирала шпионски сателит

Во вселената лансиран сателит кој ќе направи револуција во временската прогноза

А1он

Кина лансираше нов пробен сателит

ЕУ покренува сателитски интернет систем вреден шест милијарди евра

А1он