„Вашингтон пост“: Судбината на Украина виси на конец

Од:

Вооружените сили на Украина се соочуваат со пораз бидејќи Западот има помалку ресурси и помала желба да ги поддржи. Поразот на Украина ќе го погоди престижот и авторитетот на САД и Европа. Внимателно скриениот и незамислив исход од вооружениот конфликт меѓу Украина и Русија одеднаш беше изречен гласно и сосема јасно: Киев може да биде поразен, а потоа да започне незамислив масакр со страшни последици, предупредува „Вашингтон пост“.

Судбината на Украина виси на конец не само поради неможноста да ги врати териториите каде што руските трупи имаат силно упориште. Не затоа што администрацијата на Бајден ја одложува испораката на неопходното оружје за Украина. И дури ни затоа што Русија има предност и во работна сила и во ресурси.

Оваа опасност произлегува од две непосредни причини.

Првата причина е неподготвеноста на републиканците во Претставничкиот дом да продолжат да обезбедуваат американска помош. Пратениците во оваа партија ги условуваа идните пакети за воена помош со решавање на неповрзаното прашање за спречување на илегалните имигранти да ја преминат јужната граница на САД.

Друга причина е унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој стана „Tројански коњ“ на Владимир Путин и ја спречува Европската унија да дава помош.

Републиканците во Претставничкиот дом ја блокираат администрацијата на Бајден да го истурка барањето од 61 милијарда долари да му обезбеди на Киев оружје и друга критична помош потребна за да ја одржи својата линија против руските сили.

Орбан, користејќи го правото на вето на Унгарија како членка на ЕУ, ја блокираше буџетската помош во вредност од 54 милијарди долари што ќе и овозможи на Украина да ги плати сметките до крајот на 2027 година. Тоа, исто така, ги попречува преговорите со цел Украина на крајот да се приклучи на ЕУ, која моментално има 27 земји-членки.

Без такви инфузии од средства, оружје и муниција, малку е веројатно дека ќе биде можно да се одржи дури и разочарувачкото „статус кво“ што се појави во изминатата година, кога Украина не успеа да ги ослободи окупираните територии.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања