Локален украински политичар активира бомби, има загинати и повредени

Од:

Во експлозијата на рачни бомби што денеска ја активираше локален политичар во зградата на локалната заедница во украинското село Керецки, повредени се 26 лица, меѓу кои и напаѓачот, соопшти полицијата.

Според прелиминарните информации, најмалку едно лице загинало, а 26 се ранети, од кои шест се во тешка состојба, пишува Киев Индипендент.

Детонирањето на гранати во зградата на локалната заедница е оквалификувано како терористички напад, чија истрага е надлежна Службата за безбедност на Украина (СБУ), објави на Фејсбук Одделот за комуникации на полицијата на областа Закарпатија.

Шефот на регионалната воена управа на Закарпатија, Виктор Никита, изјави дека поради детонирањето на гранатите биле повикани итните служби на регионалните безбедносни служби.

„Поведена е кривична постапка, се утврдуваат околностите на кривичното дело. Свикан е итен состанок на Регионалниот совет за одбрана за донесување итни оперативни одлуки“, се наведува во соопштението.

Никита додаде дека на одделот за здравствена заштита на регионот Закарпатија му е наредено да организира поддршка за лекување на жртвите од експлозијата, да ја обезбеди сета потребна медицинска опрема и да организира работа со семејствата на ранетите.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања