Михаилоски од Гази Баба: Повеќе за сите е и мерката на СДММ за субвенциониран студентски оброк кој го користат над 40.000 студенти

Од:

СДСМ по иницијатива на СДММ обезбеди за прв пат мерка за субвенциониран студентски оброк, над 3.300 денари коишто ги добиваат 40.000 редовни студенти, и тоа е повеќе за младите, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски на трибината „Повеќе за сите“ во Гази Баба.

-Обезбедивме младински додаток од 3.000 денари на плата за млади во производствен процес, додаде тој. Заедно се изборивме стапката на невработеност кај младите да опадне на историски најниско ниво, само преку Гаранција за млади вклучивме над 80.000 млади. Обезбедивме грантови за самовработување за млади: 5.000 евра по лице или 10.000 за двајца партнери доколку основаат фирма. Тука е и мерката на СДСМ за грантови за млад земјоделец од 10.000 евра. Па се до последниот пакет економски антикризни мерки вреден 662 милиони евра каде издвојуваме поддршка за ранливи, но и ваучери за средношколци и студенти. Бројките говорат се, тоа е грижа за сите, рече Михаилоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски