Американскиот претседател, Барак Обама денес изјави дека извештајот на ОН, во кој стои дека е неспорна употребата на хемиско оружје во Сирија, го промени мислењето на меѓународната јавност за акциите на режимот на Башар ал Асад
Обама наведе дека извештајот на ОН кој што беше обелоденет во понеделник, не пропиша директна вина на никого, но сепак покажа дека се што зборуваше неговата администрација е вистинито.
-И сега процесот на ОН е завршен, истражувачите недвосмислено нагласија дека е употребено хемиско оружје. Кога ќе ги погледнете деталите на доказите кои што ги претставија незамисливо е дека некој друг освен режимот го употребил хемиското оружје-истакна Обама.
Тој исто така додаде дека не го променил своето мислење дека Асад мора да си замине, но прв чекор сега е да се осигураат дека може да го решат проблемот со хемиско оружје.
Елена Георгиевска