Руската армија подготви „пекол“ за вооружените сили на Украина во реонот на селото Кринки – украинската армија загуби сто луѓе за два-три дена, објави на Телеграм гувернерот на Херсонската област Владимир Саљдо. Како што објасни тој, руската армија префрлила дополнителни сили во областа.
„Непријателот е блокиран во Кринки и е во пеколот: ги погодуваат бомби, ракети, проектили од повеќецевни ракетни системи, артилериска муниција, беспилотни летала… Само во последните два-три дена вкупните загуби се околу стотина загинати“, се вели во соопштението.
Се наведува и дека групи украински борци, кои бројат и до 13 лица, речиси секој ден и се предаваат на руската армија.