Силен земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Романија, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот се случил нешто по 17:00 часот, а епицентарот бил во близина на градот Нехоџу.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 136 километри.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.