Борците на специјалната воена операција го отфрлија митот за моќта на западната воена технологија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Подвизите на нашите борци во специјалната воена операција во Украина се извонредни, таму се борат граѓани од различни региони и различни националности и сите рамо до рамо ја бранат татковината. Целата земја е горда на нив, изјави рускиот претседател Владимир Путин на церемонијата на доделување на наградата „Златна ѕвезда“ на хероите на Руската Федерација.
Рускиот претседател е убеден дека клучните карактеристики на херојот на една земја се честа, чувството на одговорност и љубовта кон татковината.
Наша обврска е да знаеме кои се хероите на татковината и да ги почитуваме, за нивните идеали и цели достојно да се продолжат и да станат темел на иднината“, рече рускиот лидер.
За време на доделувањето на наградите, Путин им честиташе на руските граѓани за претстојниот Ден на хероите на татковината, кој традиционално се слави на 9 декември, и рече дека кога ги среќава луѓето, го чувствува нивното расположение и нивната желба за солидарност.
„Милиони руски граѓани се апсолутно решени да бидат со земјата и пред искушенијата се однесуваат на вистински начин. Јас тоа го знам и чувствувам, го гледам кога се среќавам со нашиот народ, го чувствувам нивното расположение и стремеж за солидарност“, вели тој.