Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска најави дека ќе се кандидира за нов претседателски мандат.
Тој за своите планови го информирал командантот на баталјонот „Спарта“, Артем Жога, во неформална комуникација со учесниците на церемонијата на доделување на орденот „Златна ѕвезда“ на хероите на Русија.
Жога побарал од рускиот лидер да се кандидира за нов мандат, а Путин се согласил и одговорил дека ќе се кандидира на изборите, пренесува РИА Новости.