Обвинителите на италијанската антидопинг агенција денеска побараа четиригодишна суспензија за фудбалерот на Јувентус, Пол Погба (30), поради нелегална употреба на тестостерон, пренесува АП.
Францускиот фудбалер беше позитивен на тестостерон во септември, по што одби да се договори со италијанската антидопинг агенција, што значи дека неговиот случај ќе мора да заврши на суд.
Четиригодишните суспензии може да се намалат во случаи кога спортистот може да докаже дека допингот бил ненамерен, ако позитивниот тест бил контаминиран или ако им пружи значителна помош на истражителите.