Груевски: Владата има отворен, активен и конкретен пристап кон бизнис заедницата

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска ги повика претставниците на бизнис заедницата да ја искористат отвореноста на Владата и да ги пријават своите идеи и проблеми во работењето. Информира дека во тек е оглас до сите компании кои сакаат да бидат посетени од тимови на Владата да се пријават, а тие наскоро ќе контактираат со нив и ќе закажат средба.

– Ве повикувам сите кои имате проблеми за кои верувате дека со интервенција на Владата може да се решат или за кои верувате дека се системски слабости и пропусти не се колебајте и во текот на следната недела испратете писмо до Владата. Тимови кои се под нивно раководство многу брзо ќе ви се јават за средба на која ќе се разговара за проблемите со кои се соочувате, а кои се од доменот на нашите одговорности како Влада.

Сметам дека ваква отвореност, активност и конкретен пристап на Владата немало никогаш претходно во Република Македонија, а не познавам ниеден таков случај во ниедна друга земја. Независно кој како ќе го окарактеризира ова јас знам дека можеби половина од мерките што ги преземавме во последните шест години ги преземавме како резултат на сознанија од овие активности и овој пристап. Искористете ја оваа отвореност на Владта и ако имате идеи и проблеми пријавете се, рече премиерот Груевски обраќајќи се денеска пред бизнис заедницата во Македонија.

Тој додаде дека покрај тоа што Владата работи на решавање конкретни проблеми на компаниите кои побарале помош, се трудат да креираат и системско решение за секој проблем што во иднина би се јавил да може да се реши преку опрелени измени и дополнувања на закони, подзаконски акти и слично.

Информира дека степенот на реализација на усвоените барања во првиот циклус е над 60 проценти, а приближно таков е и во вториот циклус кога се посетени 165 компании со 225 барања.

Премиерот во обраќањето сподели видувања и анализи за актуелните состојби и перспективите на македонската економија во 2014. Посочи на мерките за подобрување на бизнис климата, конкуреноста, а најави дека ќе бидат објавени и имињата на оние што должат повеќе од 90 дена над 2.000 евра. Ќе биде донесен и закон за финансиска дисциплина, како надополнување на инструментот задолжница.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески обраќајќи се пред присутните рече дека сака ова да стане традиционална средба и еднаш во годината премиерот да се обрати пред бизнис заедницата.

Посочи дека првата средба беше пред една година и оти оттогаш имаше многу позитивни настани. – Мислам дека ќе бидеме задоволни ако продолжи и во наредната година, рече Азески.

На средбата се присутни претствници на над 700 компании во Македонија.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он