Мистериозна смрт на Албанец во Германија: Телото пронајдено во шума, тинејџер ја презеде вината

Од:

Германската полиција со денови се обидува да ја реши мистеријата за смртта на млад човек чие тело беше пронајдено во шумата на 25 ноември. Телото на маж, за кој подоцна беше утврдено дека има албанско потекло, било пронајдено во близина на бањата Холстен, откако 17-годишното момче дошло да и се предаде на полицијата за убиство.

Се уште не е со сигурност утврдено дека тој е одговорниот за смртта на Албанецот Реол Х. или дека вината ја презел за некој друг.

Исто така, полицијата се уште не може со сигурност да каже дали Реол Х. е убиен во шумата во близина на термалните бањи или дали неговото тело е донесено таму, јавуваат локалните медиуми.

Единствено што со сигурност знаат во овој момент е дека убиениот е Реол Х.(27) е од селото Бурели во Албанија и дека од претходно им бил познат на германските органи на прогонот за бројни кривични дела.

Со оглед на тоа што тој немал никакви документи со себе во моментот кога било пронајдено неговото тело, биле потребни неколку дена за да го идентификуваат.

Откако ги провериле отпечатоците од прсти земени во базата, сфатиле дека се работи за маж кој претходно бил уапсен и осуден во Германија.

Според Билд, Реол Х. бил осуден во септември 2021 година за нанесување тешка телесна повреда. Имено, тој во април 2020 година претепа маж на паркинг на супермаркет. Тој го удрил човекот со тупаници и клоци додека жртвата беспомошно лежела на земја.

Годинава повторно се најде пред судија, но овој пат поради шверц на дрога и кршење на бројни германски закони. Имено, утврдено е дека Реол нелегално работи кај бројни работодавци низ државата.

Исто така, до неговата смрт тој воопшто немал живеалиште во Германија.

Блиски на семејството на убиениот велат дека Реол дошол во Германија пред четири години и оттогаш работел во градежништво.

„Не знам ништо за неговата работа со наркотици. Не знаеме ни кој е убиецот, Реол никогаш не го спомна тоа младо момче“, изјави роднина за „Билд“.

Дури и неговото семејство да не сакало да знае ништо за криминалното досие во Германија – според информациите на „Билд“, инспекторите на убиствата се сигурни дека албанската мафија го имала на „нишан“ 27-годишникот. Наводно тврди Билд, имало расправија за дрога.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Скопје: Пукал во познаник, тешко го ранил во стомакот

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Нови Сад: Со моторна пила и ја исекол главата на мајка си

Горан Наумовски