„Макфест“: Шлагерскиот призвук и настап на познати балкански ѕвезди

Од:

Останаа уште дваесетина дена до одржувањето на 28-то издание на фестивалот на забавна музика „Макфест“. Општина Штип, која годинава е главен покровител и организатор на оваа манифестација, ги врши последните подготовки околу фестивалот, кој веќе со години е симбол за градот Штип.

Организаторите се одлучија годинава да ја укинат првата полуфинална вечер, која беше резервирана за промоција на нови музички имиња на македонската сцена, и да го вратат стариот концепт на фестивалот, кој беше карактеристичен по композициите со шлагерски призвук.

slag (2)

Општина Штип се одлучи да побара помош од граѓаните околу изборот на ликовно-графичко решение за постерот на фестивалот. На официјалната страница на Фејсбук, Општина Штип престави четири идејни решенија за кои граѓаните можат да гласаат до недела, а предлог што ќе собере најмногу гласови ќе биде и официјален постер за 28-то издание на Фестивалот.
Фестивалот ќе се одржи на 11 и на 12 октомври, за кога е закажана и манифестацијата „Пастрамалијада 2013“, која годинава во Штип ќе се одржи по седми пат.

slag (4)

Она што фрла сомнеж врз намерите на Општина Штип да го врати стариот сјај на фестивалот на тој начин што ќе го искористи добро познатиот шлагерски „рецепт“, е фактот што Општината се одлучи паралелно со првата полуфинална вечер да биде и првиот ден од пастрамалјиадата, за кога е закажан настап на балканската ѕвезда Харис Џиновиќ, чија музика не се вклопува во шлагерскиот концепт.

slag (5)

Ако се има предвид дека за овогодишниов „Макфест“ од општинската каса се издвоени 3.000.000 денари, Општината, сепак, требаше да побара мислење од граѓаните околу идејата за спојување на овие две манифестации.

Останува посетителите да изберат меѓу шлагерскиот призвук и музиката на Харис Џиновиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации