(ВИДЕО) Николовски: Со СДСМ евтина тарифа на струјата и субвенционирање на сметките до 90 отсто

Од:

Над 1.000 денари заштеда на месечната сметка за струја за домаќинствата, ќе донесе дневната евтина тарифа што втор ден е на сила. Со СДСМ секој добива повеќе.
Враќањето на евтината тарифа е во вистинско време, затоа што трошоците на граѓаните се зголемуваат во период на зима. Мерката е воведена за сите, но најмногу за оние кои внимаваат и штедат – посебно за нашите пензионери кои најмногу ќе ја користат! Секој ден од 13 до 15 часот граѓаните имаат зголемена можност за евтина струја и цел ден недела. Практично тоа е повеќе од 50% евтина цена за струја во текот на цела седмица, изјави Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ.

– Инвестициите во обновливите извори на енергија коишто ги направи СДСМ во изминатите години носат бенефит за сите граѓани. Над 600 мегавати чиста зелена енергија, реализирани проекти кој овозможија да се ослободат евтини часови струја за домаќинствата. Преполовен е увозот на струја од 30 на 15% благодарение на овие инвестиции и цената на електричната енергија во време на енергетска криза е стабилна. Дополнително го штитиме домашниот стандард на народот и мерката за субвенционирање на сметките за струја во висина од дури 90%. Вака една одговорна Влада, со јасна стратегија, се грижи за стандардот на граѓаните. Ова е вистински патриотизам на дело, грижа за граѓаните, за иднината на земјата – нагласи Николовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он