Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Тарапака во Чиле, соопшти денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот бил на длабочина од 103 километри, јавува Ројтерс.
Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.