Лавров: ОБСЕ реагира само за луѓето за кои има интерес, не се работи за сите луѓе како што тврдите во слоганот на Османи

Од:

Годишнината на ОБСЕ не треба да се слави поради деградацијата на полето на безбедноста, економијата и човечките права, а говорот на колегите министри на Самитот во Скопје е доказ дека западните политичари не ја научиле лекцијата, рече првиот човек на руската дипломатија Сергеј Лавров на прес конференција на Самитот на ОБСЕ во Скопје.

– Во економската сфера се беше уништено од санкциите од ЕУ и САД, да не зборуваме за човековите права. За Украина немаше реакции од Западот при спроведувањето на нејзината воена операција против Русите во Донбас од 2014 година, ниту санкции од Западот додека Украина не го признаваше Крим и Донбас. Лидерите на Западот ги игнорираат основните принципи на организацијата ОБСЕ.

Македонскиот претседавач Бујар Османи промовираше многу добар слоган, Се работи за народот, но вчера за време на работниот ручек им кажав на колегите, верувам дека се работи за луѓето, но на сите луѓе од земјите од ОБСЕ. Тие се загрижени само за луѓето за кои имаат интерес. Да бидам искрен, јас сум свесен од резултатот на оваа мала борба, самитот е за одредена група на луѓе, не за сите граѓани, рече Лавров на прес конференцијата.

Би можело да ве интересира

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Москва не знае како Трамп ќе ја реши кризата во Украина

Лавров: Зеленски нема да одлучува за преговорите

Лавров: Ништо нема да се смени во украинската криза со доаѓањето на Трамп

Лавров за контактите меѓу Москва и тимот на Трамп: Подобро да разговараме отколку да се изолираме