Промоција ‘Од ракописот на една жена’

Од:

Во Струмица беше промовирана првата стихозбирка на професорката по англиски јазик и книжевност Катерина Панов Кожаров.

Збирката поезија со наслов ‘Од ракописот на една жена’ беше презентирана во рамките на мултимедијален настан на кој промотори беа проф. д-р Венко Андоновски и меѓународно признатиот поет Никола Маџиров.

‘Запомнете го ова поетско име’ е насловот на рецензијата на Венко Андоновски во која истакнува дека Кожаров е и родена за поетеса и образована за поетеса и тоа на одлична поетска лектира.

Трите циклуси беа претставени во три видео презентации кои ги читаше самата авторка во три различни амбиенти, секој со различна аудитивна и визуелна порака.

Средствата собрани од продажбата на книгата беа донирани на фондацијата ‘Елеуса’ со назнака за доградба на храмот во центарот на Струмица ‘Успение на Пресвета Богородица’.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот