СДСМ: Лидерската средба ќе се одржи в понеделник напладне

Од:

Од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) денеска соопштија дека најавената лидерска средба на премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски со сите претседатели на парламентарните политички партии ќе се одржи в понеделник во 12 часот.

-Жалиме што ќе мора да му ја пореметиме агендата на Христијан Мицкоски, кој очигледно, како што потврдува неговата ДПМНЕ работи само два часа во текот на денот, од 9-11 часот. Средбата во понеделник, 4-ти декември 2023 година ќе биде во 12 часот, наведоа во соопштение од СДСМ.

Нивното соопштение следува откако денеска од ВМРО-ДПМНЕ брифираа дека од медиумите дознале оти Ковачевски закажува лидерска за в понеделник и оти за нив е прифатлива средба во тој ден но, како што наведоа, после 11 часот бидејќи претседателот на ВМРО – ДПМНЕ има часови со студенти на Машинскиот факултет.

– Од медиумите дознавме дека премиерот Ковачевски закажува лидерска средба за понеделник поврзана со изборите. Таквата комуникација преку медиуми за вака важни прашања е негов избор. Лидерска средба е секако прифатлива за во понеделник, на која очекуваме да се разговара конечно за прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички премиер од ДУИ, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа на заедничката прес-конференција со потпретседателот на ЕК и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел кажа дека денеска ќе упати покана за средба до сите претседатели на парламентарните политички партии, како и до претседателот на Собранието. Како теми за средбата ги посочи евроинтеграцијата, редовните претседателски и парламентарни избори, како и измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Пред неколку дена тој кажа дека форматот на средбата ќе биде ист како на претходната што се одржа во Собранието.

Извесно е дека изборите во 2024 за пратеници ќе се одржат во мај, а првиот круг од претседателските избори две недели претходно.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение