(ВИДЕО) Серафимов: Две години локална власт на Папазов и ДПМНЕ во Кочани, нема проекти, нема резултати

Од:

Поминаа две години, половина од мандатот како локална власт на Папазов и ДПМНЕ во Кочани. Заклучокот е поразителен: ДПМНЕ ги изневери граѓаните. Нема проекти. Нема резултати. Безброј нереализирани избори ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборната програма на градоначалникот. Каде е катната гаража, каде е новиот градски парк за изградба на старечки дом, за спортска сала да не зборуваме. Се вети и изградба на социјални објекти за лицата населени во објектот стара касарна за што парите стојат во буџетот со години, изјави Гоце Серафимов, претседател на ОО СДСМ Кочани.

-За дел од овие проекти има и пари и проектна документација а дел се наследени од претходната власт на СДСМ на локално ниво. Од централната власт на СДСМ само за локални патишта се исплатени 4,6 милиона денари. ДПМНЕ и Папазов ги покачија сметките за паркинг дупло, ја зголемија геотермалната енергија за 60 % и сега припремаат покачување на комуналиите! Не се реализирани проектите од програмата за оваа година ни со 30 %, сега ја кратат за да излезе дека нешто сработиле освен кратењето на буџетот од капитални проекти за да остане за вработувања на партиски активисти, нема друго. КЈП Водовод смени неколку директори и од ликвидна фирма со позитива отиде 40 милиона во минус, се со цел да се згрижи нивното членство…Исплатија скоро 8 милиона денари веднаш по избори и граѓаните веднаш дознаа како се водеа изборите. Од водечка општина по проекти застана и тие што претходно се започнати…Дали пак ке не задолжат со милиони во општината и јавното претпријатие за идни генерации да ги плаќаат. Вака се сака својата држава ова е патриотизам? Ова е грабеж добро познат на граѓаните. Да не дозволиме да се повтори ваква власт, да не се повтори Папазов и ДПМНЕ – рече Серафимов.

Би можело да ве интересира

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он