Мицкоски – Сијарто: Македонија е предолго надвор од ЕУ

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сјарто.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека Македонија е предолго надвор од ЕУ, меѓу другото и поради неразумни билатерални пречки со што сериозно се разнишува и кредибилноста на самиот интегрирачки процес и со право се зголемува чувството за двојни аршини кога станува збор за стратешките евроинтегративни процеси.

– Македонија со сите свои недостатоци во поглед на реформи и политики сепак споредено со други држави кои веќе се членки на Европската Унија, заслужува напредок кон остварување на оваа неспорна стратешка цел членство во Европската Унија, подвлече на средбата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Санкциите на Бајден против „Пакс II“ беа политичка одмазда

Дипломатска војна меѓу Хрватска и Унгарија

Сијарто: Унгарската влада сака „повторно да ја направи Унгарија голема“

Сијарто: Антифа е закана, Европа мора да го следи Трамп

Сијарто: Брисел мора да престане со двојните стандарди кон Унгарија

Сијарто: Трамп е единствената надеж за завршување на војната во Украина