Американски воен авион падна во океанот во близина на Јапонија, во него имало осум лиц

Од:

Американски воен V-22 Osprey се урна во океанот во западна Јапонија. Во авионот имало осум лица, соопшти јапонската крајбрежна стража. Портпаролот на крајбрежната стража изјави дека нема дополнителни детали за инцидентот во близина на јапонскиот остров Јакушима, па не се знае дали оние во авионот преживеале, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на американските сили во регионот истакна дека тие сè уште собираат информации за инцидентот. Несреќата се случила во 14:47 часот по локално време, а очевидци велат дека левиот мотор на авионот бил запален додека авионот се спуштал кон морето, јави јапонската телевизија МБЦ.

Во август, американски Osprey се урна во близина на брегот на северна Австралија додека превезуваше војници за време на рутинска воена вежба, при што загинаа тројца американски маринци. Друг се урна во океанот кај јужниот јапонски остров Окинава во декември 2016 година, што предизвика привремено приземјување на американската војска.

Авионот со навален ротор, кој може да лета и како хеликоптер и како авион со фиксни крила, го управуваат американските маринци, американската морнарица и јапонските сили за самоодбрана. Воведувањето на Osprey во Јапонија беше контроверзно, а критичарите рекоа дека хибридниот авион е склон на несреќи. Американската војска и Јапонија велат дека е безбедно.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација