Променливо облачно со услови за локален слаб дожд

Од:

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во крајните западни и северни делови со слаби врнежи од дожд, на планините врнежи од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а долж Повардарието од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во следните три дена времето ќе биде стабилно, во четврток со појава на магла по котлините. Во петок и сабота ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и топење на снежната покривка.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени