Левица: Државниот завод за ревизија ги потврди сомнежите за криминал на кој алудиравме

Од:

Веќе подолг период Левица се сомнева во работењето на Локалната самоуправа на општина Прилеп, поради што побара од ДЗР да изврши увид во работата на истата, која е заложник на широката коалиција СДС – ДПНЕ. ДЗР како што се сомневавме откри низа криминали што заеднички ги извршувале и спроведувале низ нивното расипничко управување со општината. Ниту СДС, ниту ДПНЕ немаат одговарано за ниту еден од овие низа криминали затоа што взаемно се штитат и прикриваат, се вели во соопштението од Левица.

„ДПНЕ со мнозинство во Советот на општина Прилеп, претседател на Совет и градоначалник, не успеа да поднесе обвинение иако ветуваше пред избори, дека за сите криминали на СДС има докази и ќе одговараат за истите пред лицето на правдата. Затоа Левица единствена опозициска партија ви ги открива следниве криминали.
Деценискиот проблем со кој што се соочуваат родителите во општина Прилеп сеуште не е решен. Изградбата на новата градинка во нас. Точила започна во мај 2021година со склучен договор со изведувач на градбата со кој се обврзува да ја изврши работата во период, не подолг од 7 месеци.

Изградбата на градинката е со капитална инвестиција со вкупна вредност од 133.500 илјади денари. Во текот на изведбата за извршените градежни работи доставени се пет исплати во вредност од околу 128 милиони денари. И шести, конечен документ за исплата, согласно со кој треба да бидат регулирани сите финансиски обврски меѓу договорните страни во вредност од околу 14 милиони денари. Овој последен завршен документ не е одобрен од инвеститорот и истиот не е евидентиран во сметководствената евиденција на Општина Прилеп од причина што вредноста на договорот е надмината за околу 9 милиони денари за кој не е склучен анекс на договорот. Сето ова почитувани граѓани доведува до неизвесност за завршување на започнатата инвестиција, но и зголемени трошоци што е доказа дека Општина Прилеп несоодветно ги троши народните пари“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска – „по грешка“ донирала за ДПМНЕ

Горан Наумовски

Левица со Предлог-закон за ограничување на учевството на армијата во странски операции

Левица: Скопје како плен, реваншизам, неспособност и системско уништување под ДПМНЕ и Ѓорѓиевски

Горан Наумовски

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита