Четири лица загинаа, а десетици се повредени откако ураганските ветрови и големите поплави ги преплавија јужните руски региони долж брегот на Црното Море.
Како што јави агенцијата ТАСС, циклонот продолжува да се движи над оваа област.
Природната катастрофа досега ги погоди Крим, Севастопол и Краснодарскиот крај, но влошување на временските услови се очекува во регионите Ставропол, Астрахан, Волгоград и Ростов, како и во Кабардино-Балкарија и Северна Осетија-Аланија.