Во Гевгелија продолжија активностите околу изградбата на новиот градски пазар согласно потпишаниот договор меѓу општина Гевгелија и изведувачот на работите, фирмата „Бауер“ од Скопје.
Во првата, од трите градежни фази на проектот, изведувачот е должен да изгради дел од покриениот пазарен простор со паркинг и придружни објекти.
Втората фаза опфаќа градење на уште две покриени хали, дуќани и голем супер маркет, а во третата фаза ќе се уредува целиот простор околу новиот градски пазар.
Според проектот, новиот пазар во Гевгелија ќе се простира на површина од 5.888 метри квадратни и за него ќе бидат потрешени 60 милиони денари.