Повеќе од 300 ресторани на Мекдоналдс во Полска беа евакуирани по закана за поставена бомба за која подоцна беше утврдено дека е лажна, соопшти полицијата.
Портпарол на полицијата соопшти дека рестораните синоќа биле евакуирани за да во секој од нив биде извршена проверка.
Компанијата примила анонимен повик дека во ресторан е подметната бомба, не прецизирајќи во кој. Во Полска има 311 ресторани на Мекдоналдс во кои се вработени повеќе од 16.000 луѓе.