Обединетите нации објавија дека 248 камиони со хуманитарна помош влегле во Газа од прекинот на огнот, од кои 61 донеле медицински материјали, храна и вода на север од палестинската енклава.
200 trucks with humanitarian aid were sent to international aid orgs. operating in Gaza through the Rafah Crossing as part of the operational pause, and within the framework for the release of the hostages agreed with the U.S., with the mediation of Qatar and Egypt.
The… pic.twitter.com/uD9856RBZL
— Israel Defense Forces (@IDF) November 26, 2023
Единаесет амбулантни возила, три автобуси и еден трактор беа доставени во болницата Ал Шифа, најголемата во Појасот Газа, за да помогнат во евакуацијата, соопшти Агенцијата на Обединетите нации за хуманитарна координација (OCHA).
The first batch of humanitarian aid supplies arrived in the northern Gaza Strip, on the second day of the four-day temporary ceasefire between Israel and Hamas. #IsraelHamasWar #Gaza #HumanitarianAid #Palestine pic.twitter.com/5WUSRm4CHz
— News18 (@CNNnews18) November 26, 2023
ОН и меѓународните невладини организации како и бројни странски престолнини со недели повикуваат на прекин на огнот со цел итно да се достави помош до населението во Појасот Газа изложено на бомбардирање, без струја и вода и со недостиг од храна.