Сончево и студено, претпладне ќе провејува слаб снег

Од:

Претежно во североисточните делови претпладне ќе провејува слаб снег, а во текот на денот во земјата ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец, над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени.

Како што соопшти УХМР, во Скопје сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени.

В понеделник утрото ќе биде претежно ведро и многу студено, а ќе се задржи студено и преку денот до средината на следната седмица. Нови врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд се очекуваат во вторник и ќе завршуваат во среда.

Би можело да ве интересира

Портокалова фаза, 40 степени и здравствени ризици

Катерина Ѓуровски

Пеколен топлотен бран во Македонија, во регионот пожари, Дунав на најниско ниво

Сончево и топло, температури до 39 степени

А1он

Период на пеколно време во земјава, лекарите алармираат

Температури до 38 степени денеска, во следниот период потопло

Можно невреме денеска, од утре повторно топло