Левица: Политиката на подаништво ја вовлекува државата во војна

Од:

Целосната зависност на надворешната и безбедносната политика на Македонија го потврди новиот акт на подаништво кој деновиве го соопшти министерката Славјанка за обучување на украински војници во нашата држава. Анти-народната Влада на СДС и ДУИ, овозможила обука на украински војници во Македонија, со што уште еднаш директно ја вовлекуваат државата во конфронтација со земја членка на Советот за безбедност, вела од Левица.

„Ова е само уште еден доказ дека насилното вовлекување на земјата во НАТО, нè прави потенцијална мета, заради остварување на интересите на трети држави а на огромна штета на Македонија. Имајќи ги во предвид капацитетите на АРМ, се отвораат следниве прашања: „Kој ја вршел целата оваа обука“, и „Дали странски безбедносни структури ја спроведувале целата обука?“. Несомнено е дека Македонија нема апсолутната никаков интерес од вмешување и учество во воени дејствија кои се директна последица на империјалистичката политика која ја води Колективниот запад. Уште поизвесно е дека последиците, особено со политиката на санкции, ги плаќаат македонските граѓани, кои се манифестираат преку вртоглавата инфлација во сите сфери на економијата, проследени со хронична енергетска и социјална криза. Молкот за вазалската надворешна надворешна и безбедносна политика на ДПМНЕ, е само поддршка и ветар во грб, за продолжување на истата од Владата на СДСМ и ДУИ. За чии интереси одработува врхушката на „политичката елита“ – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Обвинение за Јанчев од Левица за смртта на 16-годишниот Матеј Димовски

Предраг Петровиќ

ЕСМ е во колапс – Узунчев бара кризна состојба за да го покрие хаосот во претпријатието

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Левица: Ќе доставиме докази до ДКСК за Томовски и фирмата „Сити Аутсорсинг”

(ВИДЕО) Костовски: „Зимзоленд“ продолжува да работи и покрај утврдените неправилности и опасност по безбедноста

Левица: Ѓорѓиевски продолжува со скандалозни назначувања – партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошка