Телекомуникацискиот оператор „Оне“ од денеска повторно им дава можност на сите свои припејд корисници да добијат три пати повеќе кредит.
Со оваа промоција, секој при-пејд корисник на „Оне“ и ЏаБест кој има најмалку 100 денари на својата сметка, може да ја активира оваа понуда и за своите 100 да добие дури 300 денари кредит.
Понудата е достапна за сите при-пејд корисници на мобилната телефонија на „Оне“ и ЏаБест и истата може да се активира на секои 14 дена, со јавување на бесплатниот број 1460, испраќање SMS на бесплатниот број 181 со текст „300 START“ или во сите продажни места на „Оне“.
Доделениот кредит од 300 денари корисникот може да го користи во период од 14 дена за било која услуга што „Оне3 ја нуди на своите при-пејд корисници: разговори кон сите мрежи, SMS, MMS, интернет, услуги со додадена вредност.
Кредит може да се искористи и за купување на неделните и месечните пакети за разговори и интернет од актуелната понуда на „Оне“.