(ВИДЕО) Ферат: Поднесена кривична пријава против градоначалникот на Шуто Оризари за исплати од половина милион евра без јавна набавка

Од:

Поминаа две години од локалната власт во Шуто Оризаре, освен корупција, криминал, узурпација на државно земјиште, насилство и фалење со проекти од централната власт на СДСМ, злосторничкото дуо Курто и Фата ништо друго не знаат да прават. Меѓутоа, знаат да возат скапи автомобили, да имаат приватна зоолошка градина, да купуваат скапи телефони со парите на граѓаните, изјави Асан Ферат, претседател на ОО СДСМ Шуто Оризари.

– На 20 ноември 2023 година, поднесена е кривична пријава против Курто Дудуш до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од КЗ. Имено, истиот во својство на градоначалник на општина Шуто Оризаре во период од 2020 година до денес, со намери противправно да се стекне со имотна корист и да нанесе штета на буџетот на општина Шуто Оризаре, спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки, вршел плаќање кон различни правни субјекти без да спроведе јавна набавка. Вкупен износ за ваквиот договор изнесува 29.033.405 денари, за кои требало да спроведе јавна набавка според законот. Поточно на одредени фирми им исплаќал милионски суми без спроведување на јавна набавка. За да биде неговото самоволие поголемо истиот исплаќал милиони на негови блиски од добиени дотации од министерства. Од ова место, во името на граѓаните на општина Шуто Оризаре, го повикуваме Јавното Обвинителство и сите надлежни институции заедно да застанат и да стават крај на ова злосторничко дуо – рече Ферат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он