СДСМ: Со нашите политики и членство во НАТО сме безбедна и сигурна земја

Од:

Со исправните политики на СДСМ и членството во НАТО земјата е безбедна и сигурна. Одржувањето на неформалниот состанок на лидерите на државите членки на НАТО од регионот е уште една потврда дека нашата земја е препознаена како ценет НАТО сојузник и фактор на стабилноста во Западен Балкан. Безбедносната стабилност носи економски просперитет. Странските инвеститори ја препознаваат Северна Македонија како сигурно место за вложувања, со што се обезбедуваат подобри работни места за нашите граѓани, повисоки плати и раст на животниот стандард, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

– СДСМ со храбри и решителни одлуки ја внесе државата во НАТО. Продолжуваме да работиме забрзано и посветено до целосно интегрирање и во Европската Унија, како што тоа го направивме со НАТО. Продолжувањето на европскиот пат сега зависи само и единствено од нас и од одлуките што треба да се донесат во собранието. Членството во ЕУ е стратешка цел, друга алтернатива нема. Граѓаните заслужуваат подобра иднина, подобар животен стандард, млади кои ќе работат во својата држава членка на ЕУ и ќе придонесуваат за нејзиниот просперитет – велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он