Заврши гласањето за парламентарните избори во Холандија, а според првите излезни анкети најмногу гласови освои опозициската десничарска Партија на слободата (ПВВ) предводена од Герт Вилдерс.
Анкетите покажуваат дека ПВВ освои 35 пратенички места, додека Алијансата зелено-лабуристи е на второ место со 26 места, пишува Гардијан.
На трето место е Народната партија за слобода и демократија на премиерот Марк Руте со 23 места, додека на четврто е Новиот социјален договор со 20 пратенички места.
Многу партии претходно најавија дека нема да влезат во коалиција со Вилдерс, па се уште не е јасно кој ќе ја формира новата влада и се ќе зависи од постизборните коалиции, наведува британскиот весник.
Лидерот на либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД), Дилан Јешљигоз-Зегериус, направи преседан со изјавата дека ќе соработува со Вилдерс доколку нејзината партија добие најмногу гласови, иако од вчера ја отфрли можноста да го поддржи Вилдерс како премиер доколку освои најмногу гласови.
Доколку победи ВВД, Јешиљгоз-Зегериус, поранешен бегалец кој се залага за построги контроли на миграцијата, би можелa да стане првата жена премиер на Холандија.
Франс Тимерманс, поранешен висок функционер на ЕУ, кој се врати во Холандија за да ја предводи алијансата Зелена левица-лабуристи, ги повика гласачите да се држат настрана од владата во која екстремната десница игра водечка улога.
Со овие избори ќе се стави крај на 13-годишното владеење на поранешниот премиер Марк Руте, кој не се кандидираше.