Левандовски подобри рекорд од 1969 година

Од:

Роберт Левандовски постигна еден од двата гола вo победата на Полска над Летонија од 2-0. Пријателскиот натпревар се одигра во Варшава, а ѕвездата на полската репрезентација веќе е највозрасниот стрелец во историјата на националниот тим.

Тој постигна гол со 35 години и 3 месеци, а претходниот рекорд го држеше Лусијан Бриги кој постигна гол против Норвешка во 1969 година на возраст од 35 години, 2 месеци и 14 дена.

Инаку, Полјаците не наидоа на некои посебни потешкотии на натпреварот и им донесоа малку радост на своите навивачи по разочарувачкиот крај на квалификациите за ЕП 2024. Пшемислав Франковски го отвори резултатот во 7. минута по асистенција на Никола Залевски, а домаќините пропушти уште неколку убави шанси пред паузата.

Во 48. минута Залевски повторно покажа одлична визија и го пронајде Левандовски кој со глава беше прецизен за 2-0.

35-годишниот напаѓач сега има 82 гола на 146 натпревари за полскиот тим, а има и 32 асистенции. Лева на теренот остана до 62. минута, кога беше заменет од Карол Швидерски.

Полска не успеа да обезбеди директен пласман за ЕВРО 2024, но ќе учествува во баражот, а првиот противник на тимот на Михал Пробиег е Естонија.

Би можело да ве интересира

Левандовски во клубот 100

Предраг Петровиќ

Левандовски се врати во Минхен за да се збогува со соиграчите од Баерн

Гвардиола: Левандовски не беше „срцето“ на Баерн

17-годишник ќе ја наследи „деветката“ на Левандовски

Левандовски не смее да игра за Барселона

Левандовски добива смртни закани во Минхен