(ВИДЕО) Царината заплени сребрен накит, часовници и облека

Од:

Околу 2,7 килограми сребрен накит, 33 часовници, како и 160 парчиња облека со вкупна вредност од над половина милион денари се запленети од мобилни тимови на Секторот за контрола и истраги во три контроли на влез во државата на граничните премини Богородица, Блаце и Табановце. Со овие акции е спречен обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки од околу 150.000 денари.

https://www.youtube.com/shorts/8I8XCN8Sbxg

Во првиот случај двајца сопружници на влез во државата на граничен премин Богородица се обиделе нелегално да внесат околу 2,7 килограми сребрен накит. Накитот е откриен при контрола на куферите, при што во внатрешните џебови од облеката се пронајдени 37 пакувања со сребрен накит, а во возилото се пронајдени и три сметки од накитот кои биле на име на сопружникот.

Во вториот случај станува збор за часовници што мобилниот тим на Царинска управа ги откри при контрола на автомобил на граничниот премин Блаце. Часовниците возачот на автомобилот ги криел во црни ќеси кои ги ставил зад совозачкото седиште.

Друг мобилен тим пак на граничниот премин Табановце при извршена контрола на автобус откри и заплени 160 парчиња облека наменета за продажба на македонскиот пазар. Автобусот кој сообраќал на релација Белград – Скопје е селектиран за детален преглед при што под клупите и во фабричката шуплина над задните десни тркала се пронајдени непријавените парчиња облека.

Во случајот на заплена на часовници и облека против лицата се поднесени прекршочни пријави, додека во случајот во кој е запленет околу 2,7 килограми сребрен накит против лицето е поднесена кривична пријава до јавно обвинителство за кривично дело криумчарење.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ